Баросо: Молдавија ќе потпише Договор за асоцијација со ЕУ

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо оцени денеска дека рускиот притисок врз Молдавија е неприфатлив и ја реафирмира намерата на ЕУ да потпише договор за асоцијација со Кишињев на 27-ми јуни. Како одговор на руското ембарго, Баросо соопшти дека Комисијата ќе одобри поголем увоз на овошје и зеленчук од Молдавија во Европската Унија. Баросо исто така соопшти дека на 12-ти јуни ќе оди во Кишињев на конференција за инвестиции.