Филе побарал од Иванов надминување на забелешките

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на денешната средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел, истакнал дека статус-кво ситуацијата во однос на македонските евроинтеграции фрустрира и побарал Македонија да добие датум за преговори на претстојниот Самит на Европскиот совет, а паралелно да го решава билатералниот спор со Грција.
Како што јавува дописникот на МИА, Филе пак побарал успешно надминување на забелешките во извештаите на Европската Комисија и ОБСЕ/ОДИХР за Македонија.
Од кабинетот на македонскиот претседател велат дека на средбата биле разменети мислења и информации во однос на интеграцискиот процес на земјата во Европската унија, состојбата во Македонија по неодамнешните избори, актуелностите во Обединетите нации во процесот на преговорите за спорот за името.
Иванов и Филе, исто така, разговарале и за актуелните состојби во регионот и добрососедските односи.