Сочувство од Вељаноски за несреќата во рудникот во Турција

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска испрати писмо со сочувство до претседателот на Големото Народно Собрание на Република Турција, Џемил Чичек за трагичната загуба на човечки животи во несреќата во рудникот во Сома.

Во свое лично име и во името на пратениците на Собранието на Република Македонија да искажам длабока жалост за трагичната загуба на човечки животи во несреќата во рудникот во Сома, наведува Вељаноски во писмото.

Изразувајќи сочувство, Вељаноски вели дека со мислите се со семејствата на загинатите и повредените и со целиот турски народ