Денеска променливо облачно со дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од шест до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд.