Хрватска: нема поделба на Превлака со Црна Гора

Весна Пусиќ

Шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ ја оцени како неоснована и неодговорна изјавата на директорот на црногорската Државна управа за недвижности Драган Ковачевиќ дека спорниот полуостров Превлака никогаш не и припаѓал ниту на Хрватска, ниту на Црна Гора и затоа треба да биде поделен меѓу двете земји. Одговарајќи на пратеничко прашање зошто Владата не реагирала на ваквата изјава, Пусиќ рече дека Кабинетот интензивно работи на решавање на спорот со Црна Гора и определување на границата. Ковачевиќ неодамна изјави дека полуостровот не е регистриран ниту во хрватскиот, ниту во црногорскиот катастар и не постои ниту во еден документ кој потврдува дека Превлака е хрватска или црногорска територија.