Путин бара се за руската одбрана да се произведува во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека руската одбрамбена индустрија не треба да зависи од компоненти ос странство. На средба со претставници на одбраната во резуденцијата во близина на Сочи, Путин истакнал дека се што се користи во рускиот одбрамбен сектор, треба да се произведува во Русија. Русија е соочена со санакции од западот поради настаните во Украина, а САД се заканија дека ќе го ограничат и извозот на висока технологија за Русија.