ЕБОР предвидува длабока рецесија на украинската економија

Европската банка за обнова и развој соопшти денеска дека според прогнозите, Украина годинава ќе влезе во длабока рецесија, а руската економија ќе се соочи со стагнација. Според банката, која одржува годишен состанок во Варшава, украинската економија ќе бележи пад од 7 отсто, за разлика од претходното предвидување дека ќе бележи раст од 1,5 отсто.