Сеуште без официјални резултати од првиот круг претседателски избори во Авганистан

Авганистанската изборна комисија го одложи за денеска најавеното соопштување на конечните резултати од првиот круг претседателски избори, кој се одржа во минатиот месец. Претставник на комисијата изјави дека сеуште не биле завршени постапките по жалбите за гласањето, кое се одржа на 5-ти април. Според неофицијалните резултати, ниеден од кандидатите не го добил потребното мнозинство во првиот круг, па ќе треба да се организира и втор круг.