Убиени 10-мина пакистански талибанци на границата со Авганистан

Во напад на американско безпилотно летало на пакистанско – авганистанската граница биле убиени 10-мина милитанти, а 14 биле повредени, јавија агенциите. Како што јавува дописникот на Радио Слободна Европа од Пакистан, биле истрелани три проектили, а убиените милитанти биле припадници на пакистанските талибанци.