Ромпуј денеска во посета на Тбилиси


Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј денеска во Тбилиси ќе има средби со лидерите на Грузија. Посетата на Грузија е во рамките на неговата турнеја низ земјите кои сакаат поблиски врски со Европската Унија. Вчера Ромпуј беше во посета на Молдавија, каде што најави дека таа земја во наредниот месец ќе го потпише Договорот за асоцијација со Европската Унија. Се очекува ваков договор да потпише и Грузија. Русија се противи на доближувањето на тие земји до Европската Унија.