Најмалку 200 рудари загинаа во Турција

Најмалку 200 рудари загинале, а стотици се блокирани при одрон во рудник за јаглен во западниот турски округ Маниса, кој бил предизвикан од експлозија. Спасувачките екипи испуштале кислород во рудникот со цел да ги одржат во живот рударите. Во меѓувреме членови на нивните семејства и пријатели се собрале пред локалната болница од која се обидуваат да добијат информации за жртвите. Турското министерство за енергија соопшти дека 787 работници биле во рудникот за време на експлозијата.