Оланд ја заврши посетата на јужен Кавказ

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд го посети Тбилиси со што ја заврши тридневната турнеја на земјите од јужен Кавказ. Оланд вчера се сретна со грузискиот претседател Гиоргиј Маргвелашвили и премиерот Иракли Гарибашвили. Интеграција на Грузија во ЕУ и НАТО е виско на агендата поради кризата во Украина.
Маргвелашвили во меѓувреме го одби рефрендумот за отцепување на источниот дел на украина и ги поддржа претседателските избори во земјата закажани за 25 мај. Оланд по средбите изјави дека ЕУ ќе ги засили санкциите врз Русија и проруските сепаратисти во Украина, доколку гласањето на изборите биде спречено.