Резултати од претседателските избори во Авганистан

Абдула Абдула, кандидат за претседател на Авганистан

Крајните резултати од гласањето на првиот круг на претседателските избори во Авганистан ќе бидат денеска соопштени во Кабул. Најверојатно ќе се одржи и втор круг, бидејќи не се очекува никој од кандидатите да освоил над 50 отсто од гласовите. Делумните резултати на независната изборна комисија покажуваат дека поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула води на изборите.