Баросо бара дипломатско решение за Украина

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека е "критично важно" да се најде дипломатско решение за украинската криза. Баросо ја повика Русија да се ангажира конструктивно и да не ја користи енергијата како политичко оружје.

Тој ова го изјави по разговорите со украинскиот премиер Арсениј Јатсенијук во Брисел. Тој пак порача дека клучот за решавање на кризата "не е во Киев, туку во Москва."

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека очекува про-руските сепаратисти да се усогласат со планот на ОБСЕ за решавање на кризата, доколку Киев ја запре воената операција во источна Украина.