Во Албанија разбиена мрежа за трговија со луѓе

Тирана

Албанската полиција објави синоќа дека разбила мрежа за пренесување луѓе во САД. Уапсени се 15 луѓе. Групата дејствувала во Тирана и Скадар и наплаќала по 20.000 долари по човек за префрлување во Мексико. Потоа за нив подготвувале фалсификат документи за да влезат во САД. На ваков начин во САД биле пренесени над 50 луѓе, соопштија властите во Тирана. Апсењата се извршени во соработка со американските власти. Албанците може да влегуваат во ЕУ без виза од 2010 година, но за САД им се потребни визи.