Романската опозиција бара гласање за недоверба на владата

Романскиот премиер Виктор Понта

Романската опозициска Национално-либерална партија соопшти дека ги собрала потребниот број потписи за покренување иницијатива за гласање недоверба на левоцентристичката Влада на премиерот Виктор Понта и дека барањето ќе го поднесе денеска до Парламентот. Либералите ќе поднесат иницијатива за гласање недоверба на Владата на Понта, под називот „Спречете ја владата Понта 3 - Влада на корупцијата, демагогијата и лагата!“, со образложение дека Кабинетот не го одржал ветувањето за намалување на трошоците на работодавците за социјално осигурување.
Барањето ќе биде разгледано и ставено на гласање во следната недела.