Топењето на мразот на Антарктик е незапирливо

Две групи американски научници вчера објавија дека ледената покривка на Антарктикот се распаѓа и нејзиното постојано топење се чини дека е незапирливо. Ако наодите се покажат како точни, тие сметаат дека топењето може да ги дестабилизира соседните делови од ледената покривка и да го зголеми морското ниво за околу 3 метри во наредните векови.
Научниците од НАСА и неколку американски универзитети додаваат дека голем дел од мразот на Западен Антарктик сега е во „неповратно повлекување“, откако ја мина „точката од која нема враќање“. Тие сметаат дека глобалната климатска промена предизвикана од ослободувањето на штетни гасови помагаат за дестабилизирање на ледената покривка, но оти и други фактори може да се инволвирани.