Турција треба да плати 90 милиони евра отштета за окупацијата на Кипар

Европскиот суд за човекови права и нареди на Турција да плати 90 милиони евра за штетите поврзани со окупацијата на северен Кипар. Меѓународно признатата влада на Кипар, во јужниот дел од островот, ја овини Турција за изчезнувањето на околу 1500 кипарски грци и за расселување на околу 200 000 луѓе. Судот во Стразбур денеска оцени дека и покрај тоа што е поминато многу време, тоа не ја ослободува Турција од одговорноста.
Кипар е поделен од 1974-та година кога Турција изврши инвазија, а отцепениот турски дел на Кипар е признат единствено од Турција.