Лавров: Не се планирани нови преговори за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека не се планирани нови меѓународни разговори за кризата во Украина. На прес конференција во Москва, Лавров оцени дека каков било прогрес во смирувањето на кризата е можно само низ директни преговори меѓу спротиставените страни во Украина. Лавров повтори дека Москва ги респектира резултатите од вчерашниот референдум за независност во источна Украина.