Министерски состанок на ЕУ за украинската криза

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат денеска во Брисел каде што ќе разговараат за кризата во Украина. Прв чекор на министрите се очекува да биде проширување на санкциите за компаниите. Се очекува тие да разговараат за начините да се направи полесно замрзнување на средствата на компании кои се вклучени во украинската криза.
Во меѓувреме, претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпуј, кој претставува 28 лидери на блокот, ќе долета во Украина за да се сретне со привремената влада и да разговара околу начините за стабилизирање на земјата пред претседателските избори на 25 мај. Овој потег на ЕУ доаѓа еден ден откако про-московските бунтовници одржаа референдум за самоуправа во делови на источна Украина.
ЕУ го прогласи референдумот за нелегален и рече дека нема да го признае неговиот исход.