Сепаратистите рекоа дека успеал референдумот за осамостојување во источна Украина

Сепаратистите во источна Украина велат дека речиси 90 проценти од гласачите поддржале осамостојување на контроверзниот референдум кој беше отфрлен од страна на Киев и голем дел од Западот како нелегитимен. Про-руските активисти во Донецк рекоа дека 89,7 отсто гласале „за“ осамостојување. Одѕивот беше околу 75 проценти. Донецк е поголемиот од двата источни региона на Украина каде што сепаратистите одржаа референдум за самоуправа на 11 мај. Денис Пушлин, лидер на бунтовниците во Донецк, рече дека следниот чекор ќе биде да се создадат владини и воени структури. Павел Губарев, самопрогласен народен гувернер на Донецк, изјави дека гласањето е само првиот чекор во градењето на "Нова Русија" во југоисточна Украина.