Инаугурација на претседателот Иванов

Собранието на РМ денеска ќе одржи седница на која претседателот Ѓорѓе Иванов ќе даде свечена изјава. Веднаш потоа како што соопштуваат од Кабинетот на Претседателот ќе се одржи свечена церемонија по повод инаугурацијата на Претседателот.
На свеченоста ќе присуствуваат граѓани на Република Македонија, кои по свечената церемонија, ќе бидат примени од страна на претседателот Иванов, соопштува Кабинетот.