Мишел Обама го осуди киднапирањето на ученичките во Нигерија


Првата американска дама Мишел Обама го осуди како "несовесно дело" киднапирањето на повеќе од 200 ученички во Ниерија, а од страна на исламската милитантна група Боко Харам. Првата дама и се обрати на нацијата, наместо нејзиниот сопруг Барак Обама, и го нарече киднапирањето на девојките акт на "возрасни мажи кои се обидуваат да ги убиваат аспирациите на младите девојки." Обама изјави дека таа и нејзиниот сопруг се "навреден и со скршено срце", по киднапирањето на девојките од нивните домови, додавајќи дека во тие девојки ги гледа сопствените ќерки. Лидерот на Боко Харам изјави дека има намера да ги продаде девојките во ропство. Говорејќи во пресрет на Денот на мајките, Обама ја потсети нејзината публика дека "Нигерија не е изолиран инцидент" и оти девојчиња во светот се соочуваат со предизвици како што е да се добие образование.