Рохани: За иранската нуклеарна технологија не се преговара

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран нема да прифати "научен и нуклеарен апартхејд" во неговите преговори со шесте светски сили поради неговата контроверзна нуклеарна програма. Во коментарите што беа емитувани на државната телевизија на 11 мај тој нагласи дека неговата земја нуди транспарентност во односите со британските, француските, германски, руски, кинески и американски официјални лица, но рече дека Иранската "нуклеарна технологија не е за преговарање." Мултинационалните разговори кои имаат за цел да се најде траен договор за спречување на нуклеарните активности на Иран, треба да продолжат на 13 мај. Шест-месечниот договор кој времено беше потпишан од страна на Иран и шестте земји, а кој ја ограничува иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на економските санкции истекува во јули.