Милитанти убија дваесет ирачки војници

Дваесет ирачки војници биле убиени во напад врз воена база во северен Ирак од страна на милитантите. Според официјални извори повеќето од војниците биле киднапирани од страна на голема група на вооружени мажи од воената база во Аин ал-Џахаш, јужно од Мосул. Милитантите ја напуштиле база со многу војници во неколку возила. Некои од војниците загинале во воената база. Телата на мажите кои биле киднапирани се пронајдени подоцна во областа. На многумина од нив рацете им биле врзани зад грб. Војниците биле таму за да ги чуваат нафтоводот во близина и важен автопат. Нападот се случува речиси еден месец откако милитантите убија 12 војници, а повредија 15 во воената база западно од Мосул. Насилството во Ирак оваа година доведе до смрт на илјадници луѓе.