Рогозин и се закани на Романија


Романија бара објаснување од Русија во врска со заканувачките забелешки направени од Дмитриј Рогозин, заменик-премиерот на Русија. Тој изјавил дека ќе се врати како стратешки самоубиец откако Романија го забрани летот на неговиот авион во нејзиниот воздушен простор. Неговиот авион се враќа во Русија од молдавскиот сепаратистички регион Трансдњестар. Рогозин е еден од руските официјални претставници кој е на забранетите листи за патување од страна на западните земји поради агресивните дејствија на Москва во Украина. Романското министерство за надворешни работи побара од Москва да разјасни дали коментарот на Твитер на Рогозин ја претставува "официјалната позиција на Руската Федерација кон Романија, како членка на ЕУ и НАТО." Според нив, изјавата на Рогозин била многу сериозна во рамките на сегашниот регионален контекст.