Вечерва финале на Евросонг


Во данската престолнина Копенхаген вечерва ќе се одржи финалната вечер на Евровизија, на која ќе се претстават пејачи од 26 земји. "Тик-так" на украинската пејачка Марија Јаремчук ја отвора финалната вечер која се очекува да привлече милиони телевизиски гледачи. Русија ќе ја претстават 17-годишните сестри близначки Анастасија и Марија Толмачевј со песната "Блесок". Двете сестри беа исвиркани од публиката откога беше објавено дека тие стигнале до финалето, поради тензиите меѓу Москва и Киев во текот на кризата во источна Украина. Посебно внимание и реакции во јавноста предизвика и претставникот на Австрија,односно брадестата австриска кралица. Швеѓанката Сара Нилсен и нејзината песна е меѓу омилените во обложувалниците.