Конституирано Парламентарното собрание на Процесот за соработка во ЈИЕ

Во зградата на романскиот Парламент во Букурешт денеска започна конститутивната седница на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Главна тема на дводневното заседание е „Идната улога на Парламентараното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во европскиот контекст“.
Придвидено е седницата да заврши утре со усвојување на заедничка декларација.
Членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.