Затишје во Јужен Судан


Претседателот на Јужен Судан Салва Кир и бунтовничкиот командант Риек Машар се согласиле на прекин на огнот. Кир и Машар се согласиле на договор за време на разговорите на 9 мај во Етиопија. Тоа беше нивна прва средба во четири очи по насилствата кои избувнаа во средината на декември, по долгата борба за преземање на власта. Двајцата лидери се сретнаа по зголемениот меѓународен притисок да се стави крај на етничките борби што ги зголеми стравувањата за геноцид. Тие исто така, се согласиле дека преодната влада нуди "најдобра шанса" земјата да се подготви за избори следната година, иако се уште нема одлука за тоа кој ќе биде дел од привремена администрација.