Западот ја осуди посетата на Путин на Крим


Западот се приклучи кон Киев во критиките кон рускиот претседател Владимир Путин кој го посети Крим, за прв пат откако беше отцепен од Украина и припоен кон Русија. Посетата на Путин на полуостровот на Црното Море на 9 мај се совпадна со прославите за одбележување на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Путин го поздрави враќањето на Крим во Русија како враќање на "историската правда" пред радосната толпа. САД изјави дека посетата е "провокативна". Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ја нарече посетата "несоодветна". Во источниот дел на Украина, Украинските безбедносни сили се судирија со про-руските сепаратисти во пристаништето на Мариупол. Регионалните власти соопштија дека седум лица биле убиени, а 39 повредени во текот на анти-терористичката операција.