Рогозин во Придњестровје за Денот на победата против фашизмот

Рускиот заменик премиер Дмитри Рогозин.

Рускиот заменик премиер Дмитри Рогозин учествува на прославата по повод Денот на победата против фашизмот во молдавската сепаратистичка област Придњестровје. Рогозин, кој е специјален претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Придњестровје, денеска во Тираспол рече дека Русија ќе направи сè што е во нејзина можност да ја гарантира безбедноста на оваа самопрогласена република. Тој посочи дека владата во Киев претставува опасност за Придњестровје, што се наоѓа меѓу Молдавија и Украина.

„На границите на Придњестровје се поставени вистински блокади. Тие не им дозволуваат на мажите од 16 до 60 година да отидат во соседната Одеса, што го покажува стравот со кој тамошните фашисти се соочуваат“, рече Рогозин.

Тој пристигна во Придњестровје вчера со одредено задоцнување, затоа што украинските власти не му дозволија на неговиот авион да лета преку воздушниот простор на Украина.