Судири меѓу полицијата и талибанците во Авганистан

Илустрација.

Авганистански претставници соопштија дека талибанските милитанти започнаа голем напад врз оддалечен полициски контролен пункт во провинцијата Фара на западот на земјата, при што се ранети најмалку 11 полицајци. Во денешниот напад учествувале повеќе од 100 бунтовници. Милитантите заплениле тенк, пикап, оружје и муниција. Околу 25 војници и полицајци биле принудени на кратко да го напуштат контролниот пункт и да повикаат засилување за справување со напаѓачите. Властите велат дека во престрелките биле убиени најмалку петмина бунтовници, а околу 20 биле ранети, но овие бројки не може да се потврдат од независни извори.