Денеска е Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа


Со повеќе манифестации и оддавање почест на жртвите од Втората Светска Војна во Македонија и ширум Европа денеска се одбележува 9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.По повод 9 Мај ќе биде одржано свечено дефиле на единиците на Армијата на Македонија на кое ќе присуствува Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов,а вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими ќе биде домаќин на традиционалниот ЕУ Појадок.Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе се обрати на предавањето на тема ЕУ и млади.По повод денот на Еврипа претседателот на европската Комисија Жозе Мануел Баросо ќе присуствува во Варшава на 10 годишнината од големото проширување на Унијата кога земји членки станаа и поранешни комунистички држави. Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ. Русија 9 мај ќе го одбележи со Воена парада на Црвениот плоштад во Москва, а прослави ќе има и во Севастопол и во Крим.