САД - нова Комисија за нападите во Бенгази


Претставничкиот дом на САД гласаше да се отвори нова истрага за нападите врз американските објекти во Бенгази, Либија, во 2012. Во нападот на вооружени милитанти тогаш загинаа амбасадорот Кристофер Стивенс и троја други Американци. Републиканците ја обвинија администрацијата на Обама дека се ангажирала многу малку за овие напади.Администрацијата на Обама рече дека официјални лица се обиделе да и обезбедат на јавноста најдобри достапни информации во времето кога американските дипломати се соочуваа со жестоки демонстрации низ муслиманскиот свет поради погрдните содржини против исламот што беа објавени на интернет.