Обама со нови мерки против Русија

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама планира да ја укина можноста на Русија да ги користи трговските бенефиции од програмата која им помага на земјите во развој. Одлуката на Обама доаѓа откако Вашингтон бара начини да ја казни Русија за ситуацијата во Крим и нејзината улога во дестабилизација на источниот и јужниот дел на земјата.