Британија со помош за Нигерија во борбата против Боко Харам

Припадници на Боко Харам

Британија соопшти дека што поскоро ќе испрати мал тим експерти во Нигерија како одоговор на киднапирањето на 276 малолетни девојчиња од страна на исламистичката милитантна група Боко Харам. Весникот Тајмс јави дека во тимот ќе бидат вклучени офицери од британските специјални сили.
Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан ја прифатил понудата на Британија еден ден откако тој се согласи да бидат распоредени и американски војници и други експерти во земјата.