Разговори за зачленување на Киргистан во Царинската унија

Архивска фотографија: Претседателите на Русија и на Киргистан, Владимир Путин и Алмазбек Атамбаев во Москва.

Претседателите на Киргистан и на Русија, Алмазбек Атамбаев и Владимир Путин, треба да разговараат за можноста Киргистан да стане дел од Царинската унија предводена од Русија. Атамбаев денеска пристигна во Москва на регионална средба. Неговиот советник Сапар Исаков изјави дека „консултациите“ за можното зачленување на Киргистан во организацијата се водат веќе пет дена и дека се разработуваат деталите. Претходно, киргистанскиот премиер Џомарт Оторбаев изјави дека неговата влада сака да го одложи влезот во Царинската унија. Тој рече дека земјата сè уште не е подготвена за членство. Во Царинската унија се Русија, Казахстан и Белорусија.