Забранет ирански дневен весник поради „ширење лаги“

Иранскиот дневен весник Ганоон(Закон).

Јавниот обвинител на Техеран денеска го забрани иранскиот дневен весник Ганоон(Закон), поради „ширење лаги“. Забраната важи „додека не се донесе нова одлука“. Главниот и одговорен уредник на весникот, Масуд Каземи, вели дека забраната е поради извештајот за ослободување со кауција на поранешниот функционер, Мохамад Рујаниан, кој е и поранешен член на Револуционерната гарда. Тој наводно бил уапсен за измама. Каземи изјави дека тие ја презеле веста од новинската агенција Дана. Најмалку два дневни весници беа забранети во Иран во последните неколку месеци.