Грузискиот претседател го потпиша законот за анти-дискриминација

Грузискиот претседател Ѓорги Маргвелашвили.

Грузискиот претседател Ѓорги Маргвелашвили го потпиша Законот за спречување на дискриминацијата. Законот стапи во сила откако денеска беше објавен во службениот весник. Поглаварот на Грузиската православна црква, патријархот Илија Втори, вчера рече легализацијата на „нелегалноста е голем грев“, велејќи дека законот ќе биде отфрлен од верниците. Според законот, се забранува дискриминација поради сексуалната ориентација или родовиот идентитет. Пратениците го донесоа овој закон на 2 мај. Неговото донесување е дел од обврските што Грузија ги презеде според Акцискиот план за визна либерализација за да може да добие укинување на визите за патување во ЕУ.