Ќе остане ли партијата на Мандела на власт во Јужна Африка?

Во Јужна Африка денеска се одржуваат парламентарни избори на кои главно прашање е дали Африканскиот Национален Конгрес ќе остане на власт.

Оваа партија во која доминираше Нелсон Мендела е на власт уште од крајот на владеењето на белото малцинство во 1994 година.

АНЦ сега се соочува со растечко незадоволство поради корупциски скандали поврзани со претседателот Џејкоб Зума.