Обама: итна глобална акција против климатските промени

Американскиот претседател Барак Обама повика на итна глобална акција за борба против климатските промени по објавувањето на големиот извештај, според кој климатските промени предизвикани од човекот веќе имаат сериозно влијание. Анализата изработувана 4 години од страна на водечки научници, што беше објавена вчера, предупредува на зголемено морско ниво, поплави, пожари и епидемии, доколку светот не се справи со последиците од емисиите на штетни гасови.
Говорејќи вчера на американската ТВ мрежа ЦБС, Обама рече дека има работи што можеме да ги сториме во врска со ова, но оти тоа ќе се случи само ако Американците и другите народи во светот сериозно ги сфатат предизвиците. Помошникот на Обама за наука и технологија Џон Холдрен изјави дека новиот извештај, изработен од стотици научници од приватниот и јавниот сектор, покажува дека климатските промени не се далечна закана.