Уапсен офтамологот доктор Дејан Ставриќ

Министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар д-р. Дејан Ставриќ на средба во Скопје на 19 декември 2012.

Полицијата попладнево уапсила познат македонски офталмолог, кој е осомничен за дело поврзан со корупцијата. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата и повеќе детали за овој случај најавија за утре, објави МИА. Дел од македонските медиуми објавија дека е уапсен доктор Дејан Ставриќ, кој на пошироката јавност ѝ стана познат како претседател на Синдикатот на Клиничкиот центар во Скопје. Доктор Ставриќ беше предводник на лекарските протести од минатата година кога лекарите се кренаа против проектот плаќање по учинок.