Најдобро е да се биде мајка во Финска, најлошо во Сомалија

Според меѓународната хуманитарна организација "Спасете ги децата", земја во која е најдобро да се биде мајка е Финска, а по неа следуваат Норвешка и Шведска, па Исланд, Холандија, Данска, Шпанија, Германија, Австрија и Белгија. Во извештајот за оваа година, во кој се рангирани 178 земји, најлоши услови за мајките има во Сомалија, Конго, Мали и Нигер. Македонија е рангирана на 40-то место. Биле споредувани условите во здравствената заштита на мајките, смртноста на децата, образованието и нивото на примањата и политичкиот статус на жените.