Затворен аеродромот во Доњецк

Аеродромот во Доњецк денеска бил затворен по наредба на владата во Киев, а сите слетувања и одлетувања се откажани, соопшти денеска портпарол на аеродромот. Нема информација колку време ќе важи оваа наредба. Веројатна причина за затворањето на аеродромот во Доњецк е офанзивата на украинските сили против про-руските сепаратисти во источниот дел на земјата. Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков денеска изјави дека во борбите кај Славјанск биле убиени околу 30 про-руски сепаратисти. Претходно беше соопштено дека во борбите загинале 4-ца украински војници.