Најмногу корупција меѓу политичарите и судиите

Илустрација.

Според перцепцијата на граѓаните на Македонија, корупцијата е најприсутна меѓу политичарите и судиите, покажуваат резултатите од истражувачкиот проект реализиран од 8 до 18 јануари минатата година во 37 општини, со 1.210 испитаници од страна Факултетот за безбедност-Скопје, што денеска под наслов „Мислењето на граѓаните на Република Македонија за корупцијата“, беше промовиран во Домот на АРМ во Скопје.

„Како најкорумпирани минатата година се оценети судиите, а во годинашното истражување политичарите“, појасни професор д-р Цане Николовски, раководител на истражувачкиот тим.