Швајцарија ги замрзна сметките на Јанукович

Олександар Јанукович

Швајцарското обвинителство нареди замрзнување на банкарските сметки со околу 140 милиони евра на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, неговиот син Олександар и неговите блиски соработници, пренесуваат медиумите во Швајцарија. Се проценува дека Олександар Јанукович поседувал погатство во вредност од над 500 милиони долари, а во Женева имал претпријатие, специјализирано за продажба на украински јаглен.