Во Егејско море потонале два брода со бегалци

Грчките власти соопштија дека две лица се удавиле, а 30 други се водат како исчезнати откако два брода со бегалци денеска потонале во источниот дел на Егејско море, во близина на островот Самос. Се прецизира дека 36 луѓе биле спасени. Засега не е позната националноста на бегалците. Грција и Италија се главните земји преку кои бегалци од Африка и од Азија се обидуваат да влезат во Европската унија.