Во Њујорк продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма

Нуклеарни експерти од Иран и претставници на шест светски сили денеска стартуваат со еднонеделни состаноци во Њујорк со цел да се постигне договор со кој ќе се ограничи иранската нуклеарна програма и ќе се намали загриженоста на Западот дека Техеран се обидува да произведе нуклеарно оружје.

Остануваат преговорите за најтешките прашања пред да се постигне трајна спогодба, за која преговарачите имаат краен рок до 20 јули.

Надежите за постигнување договор се засилија со најавата на Техеран дека ќе им биде дозволено на меѓународните нуклеарни инспектори да ја посетат земјата оваа недела.

Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија ќе посетат рудник за ураниум и објекти каде се обработува ураниумот.
Разговорите во Њујорк се подготвува за следните преговори на министерско ниво кои треба да се одржат во Виена на 13 мај.