Обвинителството ги предупреди Кримските Татари

Обвинителството ги предупреди Кримските Татари дека ќе го ликвидира нивното главно самоуправно тело, ако се вклучат во „екстремистички“ активности. До ова доаѓа по протестите на локалните Татари на Крим, поради тоа што властите не му дозволија на нивниот лидер Мустафа Џемилев да влезе во регионот. Јавната обвинителка на Крим, што пред два месеци беше анектиран од страна на Русија, Наталија Поклонскаја, вчера го посочи Рефат Чубаров, лидер на организацијата Меџлис, како организатор на нелегалните демонстрации за поддршка на Џемилев, на кого завчера му беше забрането да се врати на Крим преку московскиот аеродром. Илјадници Кримски Татари во саботата ги пробија кордоните на руските сили за да го пречекаат Џемилев на граничниот премин.