МВР: За 12 пилоти остануваат 198 кандидати

Архивска фотографија - Премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на УБК Сашо Мијалков во посета на Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.


За прием на 12 пилоти за потребите на хеликоптерската единица при МВР во конкуренција остануваат 198 кандидати.
На конкурсот којшто беше објавен на почетокот на годинава биле пријавени вкупно 466 кандидати, по што започна селекција преку тестирање.